Владата на денешната редовна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава поради сообраќајната несреќа во која во Бугарија смртно страдаа 46 македонски државјани.
За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Македонија ќе биде истакнато на половина копје.