Забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од утре ќе почнува од полноќ и ќе трае до 4 часот наутро наредниот ден, одлучи Владата на 69-та редовна седница.
Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители во отворениот дел од угостителскиот објект (во летните тераси и градините) е до 23.30 часот, почнувајќи утре, беше објавено на фејсбук-профилот на Владата.
Од утре сите настани можат да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 отсто од капацитетот на затворениот простор.
Вежбалните и фитнес-центрите можат да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од утре.