Владата на денешната седница го прифати предлогот на Комисијата за инфективни болести и донесе одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.
Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.
Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.