Владата на денешната седница донесе одлука за скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, како и одлука за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот.
Се препорачува граѓаните по 21 часот без поголема потреба да не се движат на јавен простор.
-Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот: се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици , а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.
Тој додава дека на седницата била донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.
Владата усвоила и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби