Да се отстрани железната ограда околу зградата на Владата, одлучи Владата на денешната редовна седница. Со отстранувањето на оградата ќе се ослободи целосно јавниот простор околу објектот и ќе стане подостапен за користење од страна на граѓаните.
Инаку, отстранувањето на оградата околу Владата беше едно од предизборните ветувања на оваа власт. Според СДСМ оградата беше симбол на Груевизмот и симбол на узурпацијата на јавните простори за време на неговото владеење.