-Владата ги разгледа и усвои заклучоците од Собранието и донесовме одлука за одобрување на францускиот предлог, истакна Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција.
Ковачевски им се заблагодари на Османи и Маричиќ, како и на останатите членови на Владата за нивната поддршка.
– Македонскиот јазик и идентитет се заштитени, историските прашања надвор од рамката, а ние сме на чекор до меѓувладина конференција. Од денес па натаму забрзано одиме кон европското семејство каде наскоро ќе се чуе македонскиот јазик, рече Ковачевски.
Воедно Ковачевски нагласи дека нема да се разговара за историски и идентитетски прашања.
Првата владина конференција ќе се одржи на 19 јули, во Брисел, истакна Ковачевски.