Премиерот на Македонија, Зоран Заев на неговиот профил на Фејсбук соопшти дека на седница на Владата решиле да ги наградата фудбалерите за огромниот успех.
„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство“, напиша премиерот.