Ви се јаде, но вие упорно не му давате храна на организмот, бидејќи сакате да изгубите тежина. Има само еден проблем: желудникот ви кркори, а хормонот на гладот грелин се покачува и ве тера да агонизирате само при мирисот на храна.
А сепак фактот дека телото ви беснее против секакви ограничувања не значи дека треба да гo претворите својот стомак во бездната, во која ќе туркате секаква храна.
Може да го излажете гладот со потиснување на апетитот со неколку едноставни трикови:
Разбудете се со протеини
Експертите за исхрана не престануваат да повторуваат дека за добра форма треба да јадете повеќе протеини. Само е- протеините ги негуваат мускулите и ве држат сити подолго, бидејќи се апсорбираат и разградуваат побавно. Истражување на универзитетот Пордјо открива дека тие се најефективни утро и ако ги консумирате тогаш, нема да чувствувате глад долги часови.
Подиспотете се
Вежбањето не само што ќе ви помогне да согорите калории, но и да внесувате помалку од нив. Истражување објавено во American Journal of Physiology открива дека едночасовно кардио го убива апетитот за минимум два часа однапред.
Додадете грејпфрут
Истражување на Американскиот институт за исхрана и метаболизам покажува дека луѓето кои јаделе половина грејпфрут по секој оброк ослабеле со 1,7 кг за 3 месеци. Дебелиот дел на плодот го контролира нивото на инсулин – хормонот кој одговара за шеќерот во крвта и метаболизмот.
Гума за џвакање наутро ?!
Универзитетот на Роуд Ајленд направил краток експеримент, резултатот покажува дека ако човек џвака мастика во рамките на еден час наутро, внесува 67 калории помалку на ручек. Според една од теориите мастиката ги стимулира нервите кои се поврзани со областите на мозокот задолжени за чувството на ситост.
Инсистирајте на одредени мириси
Според некои научници мирисот на храна може да го излаже мозокот дека веќе сте јаделе. Истражување од 2015 тврди дека ако мирисате нане во текот на 2 часа секој ден, ќе внесете2700 калории помалку неделно! Мирисот на банани, зелени лисја и ванила имал сличен ефект, се вели уште во истражувањето.