Браќата,17-годишниот Мухамет и 20-годишниот Абдулбаки денеска беа спасени живи од урнатините на станбен блок во турската провинција Караманмарас, речиси 198 часа по минатонеделниот разорен земјотрес.
Телевизијата Си-Ен-Ен-Турк прикажа снимка на која спасувачите носат две лица на носилки до амбулантни возила.
Според последните податоци, во земјотресите во Турција и Сирија загинаа над 37 илјади луѓе.