Ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов, Марија и Методи Витанова се жртви на сообраќајната несреќе што вчера се случи во Пјаченца, Италија. Загинатите биле на возраст од 25 и 26 години. Тие со автомобил „рено клио“ удриле во дрво, по што возилото се запалило. Кога пристигнале спасувачките екипи и пожарникарите, веќе било доцна. Од видеото објавено во италијанските медиуми може да се види дека автомобилот е речиси целосно уништен.
Од вчера другарите на Марија преку социјалните мрежи со трогатилно поради се простуваат од неа.
„Вистина е дека на Бог му требаат добри луѓе за да му ја менаџираат работата на небото. Но, зошто мораше да те повика толку ненадејно?
„Почивај во мир прекрасен Ангелу, сега си на далеку подобро место“…
Сигурно знаел дека си прекрасна личност која може да се снајде во секоја ситуација….“ – гласат дел од пораките на Фејсбук профилот на младата Марија.
Il tragico incidente di questa notte in via Gadolini a Piacenza con due giovani vittime www.piacenzasera.it
Posted by PiacenzaSera.it on Sunday, February 2, 2020