„Зошто кралот Едип немал деца? Затоа што спермазодоидите му отишле у пичку материну“ – овој безобразно добар виц го прочитав со се предупредувањето во кое пишува дека за да се разбере поентата мора да се има елементарно познавање од класичната старогрчка книжевност.
Значи за да се насмеете на вицот мора претходно да сте ја прочитале трагедијата на Софокле – „Кралот Едип“, во која е опишано како Едип пред да си ебе мајката прво го убива својот татко, а дури потоа има сексуални односи со својата мајка. Нормално, Едип не знае дека двајцата му се родители, но попусто, по него е наречен најпонижувачкиот психолошки комплекс што еден маж може да го има – Едиповиот комплекс. Тоа е кога синот е ривал со таткото, чувајќи ја мајчината љубов само за себе. Прилично зафркната работа, во која ниту еден маж не би сакал да се најде.
И кога еден виц ќе се образложи на ваков начин, нормално дека не е смешен. Загубена е динамиката во кажувањето на вицот, која често пати е побитна и од самата поента.
Во разговор со познаниците ми беше предочено дека не треба да ме изненадува што вицот е неразбирлив, бидејќи со „кембриџиското“ образование во нашата земја, децата ни се едноставно глупи.
– Да, тоа е точно – одговарам јас апологетски, но веќе во наредната реченица влегувам во контранапад – ама овој виц не е наменет за деца. Колку и да „Кембриџ“ програмата ни ги моронозираше децата, овој виц се кажува пред возрасна публика. Луѓе постари од 20 години мора да знаат што е Едипов комплекс.
Може и не мора да знаат си признавам во себе, помирувајќи се со тоа дека живеам во време во кое вицовите мора да се кажуваат со упатство за употреба. Како кога на прашакот за машинско перење пишува кој тип на облека, на колку степени се пере или дека не е безбедно спрејот за нос да се вшприцува во очи.
Поразен од реалноста ќе завршам со еден друг виц: „Двајца возрасни луѓе седат во телевизиско студио и едниот му вика на другиот. Како не ти е срам да збориш за непотизам, кога тебе татко ти те избра за асистент. Вториот му одговара на првиот. Тебе како не ти е срам, кога знаеш дека татко ти крадел струја“.
За да се разбере вицот потребно е да се знае дека двајцата возрасни луѓе седат во телевизиско студио, бидејќи се на сред политички дуел. Првиот е премиер, а вториот лидер на најголемата опозициска партија. Добро, треба и да се потенцира дека вицот воопшто не е виц и дека сите што се насмеале на оваа дебата, треба да знаат дека земјата веќе им отишла у пичку материну.
(Преземено од Фејсбук)