Амал Клуни избрала необичен светкав комплет во главната боја на сезоната – бургунди. Адвокатката и борец за човекови права се појавила во јавност во атрактивно издание кое го привлече вниманието на сите модни портали.
Иако сме навикнати на тоа Амал Клуни да ја гледаме во строги бизнис одела или романтични бохо фустани, овојпат таа отстапила од својот вообичаен стајлинг.
Минатиот викенд, на вечера со сопругот Џорџ Клуни и нивните семејства, Амал носела аутфит кој можеби претходно не сме можеле да го замислиме на неа.
Кога станува збор за трендовите, забележуваме дека еден од најголемите за оваа сезона е бургунди бојата. Сличен комплет неодамна носеше пејачката Тејлор Свифт, а станува збор за дводелна комбинација составена од краток топ и долго здолниште со висок шлиц, украсено со крупни светкави детали.
Целиот аутфит познатата адвокатка го заокружила со црна кожна јакна префрлена преку рамената, како и мини чанта и високи потпетици во истата боја.