Италијанскиот национален парк Чинкве Тере воведува казни од 50 до 2.500 евра за туристите кој ќе бидат во влечки или сандали.
Секаде во околината ќе бидат поставени плакати и летоци на кои ќе стои висината на паричната казна, а на интернет страницата на која заинтерисираните ќе можат да купат билети за влез во паркот, ќе бидат објавени јасни предупредувања.
Казните се воведени по иницијатива на припадниците на горските служби за спасување, кои алармирале дека во последно време туристите што ги спасуваат се несоодветно облечени.