Иако помина повеќе од една деценија од промоцијата на книгата „Нескротливо срце“ на Сузана Манчиќ не престанува да ја бранува јавноста. Низ страниците Манчиќ ја расплетува својата животна приказна, а меѓу многуте приказни е и онаа за една незаборавна ноќ во текот на една од турнеите.
„Бидејќи јас и амбасадорот ја криевме нашата врска од јавноста, сите мислеа дека сум, всушност, слободна. Дека сум сама. Имав постојано додворувачи од сите трани. Колегите на турнеите трчаа по мене, но не сакав да имам афери со нив. А ниту јас не се однесував „слободно“. Сепак имав еден упорен колега музичар кој ништо не го запираше. Иако беше повеќе години во брак тој се однесуваше како тинејџер. Постојано ми се додворуваше“, напиша Манчиќ и дообјасни како се случил инцидентот колегата да заврши гол на балкон.
„Тоа се случи една вечер, на турнеја, во Чапљина. Ја делев соба со Билјана Ристиќ, како и обично. А собата беше на четврти кат, што може да се рече дека е доста високо. Собите имаа француски балкони. По концертот колегата повторно тргна по мене и почна да ми дофрла зборови: „Дај ми малку, те молам!“ Се разбира, ние двете отидовме во собата. По десетина минути слушаме гребење и тропање на балкон. Има што да видиме, колегата виси од четврти кат, во гаќи, како Тарзан и вика: „Пушти ме или ќе умрам!“ Со Билјана се изнасмеавме, но не можеме и да го оставиме, бидејќи можеше работата да стане сериозна. Го пуштивме во собата и веднаш го исфрливме низ вратата“, напиша Сузана која до ден денес не откри за кој колега зборува.