На социјалните мрежи се појави видео направена во саботата во Москва, а на него се гледа како двајца момчиња спасуваат девојка од запален стан, ризикувајќи си го животот, бидејќи немале време да користат заштитни јажиња.
Според локалните медиуми, пожарот избувнал во станот на Ирина Јерпулева (18) на деветти кат.
Во моментот на избувнувањето на пожарот со неа биле и нејзиното момче Тимур Закиров (20) и пријателот Адел Ахметзјанов (21), но место за паника немало.
Решиле да излезат низ прозорецот и да се обидат да го разбудат соседот во станот долу.
– Се симнавме низ прозорецот, се закачивме за прозорската платформа од станот под нас и го шутнавме прозорецот. Фала му на Бога, сопственикот беше дома. Да не беше тој, не можам да замислам што ќе се случеше – рекла Адел и додала:
– Тимур висеше за едната рака, а со другата со неколку прсти се држеше за рамката на прозорецот.
Неговиот пријател ги потврдил наводите и истакнал дека друга опција не постоела.
-Со десната рака се држев за прагот на прозорецот, а со левата другата рака ја повлеков до рамката на прозорецот. Мислев дека ќе треба да скокнеме – се чинеше подобро отколку да останеме таму и да изгориме – додава Тимор.
Меѓутоа, проблемот настанал кога Ирина морала да се спушти. Таа во паника мислела дека ќе падне од височина од 27 метри.
– Се двоумев додека Тимур не почна да ми вика и тоа ме вразуми – рече таа и додаде дека двајцата ја спасиле.
Дури откако опасноста поминала, момчињата сфатиле што направиле.
– Во тоа време бев во прилично чудна состојба. Не разбрав дека сум на висина на деветти кат и секој погрешен потег може да биде фатална грешка за мене и да паднам. Стравот дојде подоцна – објаснува еден од момците.
Студентката по новинарство Ирина се здобила со исеченици, гребнатинки и труење со јаглерод моноксид, но не и било потребно болничко лекување по пожарот во московскиот кварт Чертаново.
Тимур се здоби со изгореници и останува во болница. Друг пријател, Игор Гаранкин, претрпел 34% изгореници откако избегал низ вратата пред пламенот да се засили.
Се претпоставува дека пожарот го предизвикал краток спој.