Инфектологот Вело Марковски за Фактор изјави дека според сите досегашни научни сознанија, вирусните инфекции во текот на летниот период се намалуваат.
-Факт е дека сонцето, високиот индекс, односно УВ-зраците ги уништуват вирусите. Тоа го кажуваат сите научни истражувања. Вирусите се заштитени со масни наслаги кои под влијание на високите температури се топат, со што вирусот нема големо разорно дејство. Затоа и во текот на летото немаме толку голем број на инфицирани. Но, за ова сега, за да изведеме конкретни заклучоци потребни се навистина многу податоци. Инаку, според тоа што следа, во топлите земји, Катар, Саудиска Арабија, бројот на заразени со корона вирусот е незначителен. Но, кај нас имаме една друга слика. Повеќе од забележително е дека собирањето на граѓаните донесе вакви резултати. Можеби и мерките предолго траат па веќе им се смачи, или ја изгубија довербата, но сепак ќе видиме како ќе се одвива состојбата понатаму во земјава, – вели др. Марковски.