Поранешниот шеф на британската тајна разузнавачка служба МИ6, Сер Ричард Дирлав, изјави дека сака поотворена дискусија за потеклото на пандемијата
Дирлав предупредува дека идејата за тоа дека вирусот би можел да потекнува од лабораторијата не треба да се отфрли.
Дирлав изрази уверување дека е конструиран вирусот што предизвикува КОВИД-19 и дека случајно избегал од лабораторија во кинескиот град Вухан, каде биле идентификувани првите жртви, пренесува „SkyNews“.
Неговото мислење е во спротивност со преовладуваниот став на научните експерти, како и на американските и британските разузнавачки служби, дека коронавирусот САРС-КоВ-2 не бил создаден од човек.
Коментарите на Дирлав доаѓаат додека тим научници од Светската здравствена организација (СЗО) се подготвуваат да патуваат во Кина оваа недела за да го испитаат потеклото на болест од која загинаа повеќе од половина милион луѓе ширум светот.
-Јас сум поддржувач на теоријата дека вирусот потекнува од Институтот Вухан (за вирусологија), рече Дирлав, кој бил на позицијата директор на МИ6 помеѓу 1999 и 2004 година.
-Не велам ништо друго, освен тоа што е последица од несреќа и дека вирусот дефинитивно е резултат на експериментите што беа извршени во Вухан, и за кои не мислам дека се особено погрешни, рече Дирлав.
Сепак, широко прифатено мислење на научниците е дека новиот корона вирус, најверојатно мутирал природно.