Корона вирусот ги претвора човечките клетки во зомби и ги охрабрува да ослободат „пипала“ и на тој начин да се шират низ целото тело, открива студија на Универзитетот во Калифорнија, за време на која научниците проучиле микроскопски фотографии од целиот процес.
На сликите, можете да видите како заразените клетки ослободуваат пипци, наликувајќи на шила, т.н. филоподи, кои се исполнети со честички од вируси, а за кои научниците веруваат дека болеста „сурфа“ преку нив до здравите клетки, во кои инјектира вирусен отров, создавајќи нови „зомби клетки“.
До сега, научниците мислеа дека вирусот „ковид-19“ се пренесува како и повеќето други вируси: со тоа што ќе се закачи на здрава клетка, претворајќи го во мултипликатор. Сепак, кај луѓе со здрав имунолошки систем, телото успева да се одбрани од повеќето вируси и да ги спречи да се размножуваат во прекумерен број.
Најновото откритие доведува до заклучок дека во одреден момент од неговиот развој, Ковид развил резервен план за да го избегне имунолошкиот систем. Научниците велат дека откритието означува „неверојатен скок“ во борбата против коронавирусот и може да ја отвори вратата за низа нови третмани.
Ниван Кроган, професор по клеточна и молекуларна фармакологија на Универзитетот во Калифорнија и водач на студиите, вели: „Многу е злобно што вирусот користи различни механизми за да зарази други клетки пред да ја убие ќелијата“.
Други вируси, вклучително ХИВ и вирусот на вакцини, кој припаѓа на семејството сипаници, исто така користат филоподи за ширење на инфекцијата во организмот, но професорот Кроган посочува дека брзината со која ковид-19 исфрла „пипала“ е многу необична.
Нивниот облик е исто така невообичаен – тие се протегаат од клетка до други клетки како гранки на дрво.
Микробиологот на универзитетот Колумбија, професорот Стивен Гоф признава дека откритието е „интригантно“, но додава дека не мора да значи дека пипалата служат како друг начин за ширење на инфекцијата.
Научниците кои учествувале во студијата, објавена во списанието „Cell“, веруваат дека откритието ќе помогне да се најде терапија.