Девојка од Босна и Херцеговина, по име Лејла имала неочекуван гостин на својата свадба.
Таа на својот профил на Тик ток објавила видео од средбата со познатиот холивудски актер Вин Дизел.
Имено, за време на фотографирањето, Вин се појавил и позирал со младенците сосема случајно.
Лејла се омажила за познатиот германскиот актер Матијас Хон, во Минхен, каде што престојувал Вин Дизел и, како што вели, не можел да одолее да не им пријде на парот.
„Одеднаш застана автомобил, излезе обезбедувањето и рекоа дека имаат некој што сака да се фотографира со нас, неверојатно искуство“, изјавила Лејла за германски „Билд“.
„Мислам дека најдоброто нешто на светот е кога луѓето се собираат за љубов“, им рекол Дизел.