Цел свет му се чудеше на францускиот актер Винсент Касел како можеше да загуби жена како Моника Белучи, а сега му сите му завидуваат на 30 години помладата манекенка Тина Кунаки.
“ Претходно многу страдав. Знаете дека, мора да страдате за да направите нешто интересно … (се смее) Полека, но сигурно го решив тој проблем. Животот е и така доволно тежок за да бараме и страдање. Се обидувам да уживам во она што го правам, затоа што понекогаш ми се чини дека најмногу се откривате себеси додека се забавувате – вели францускиот актер.
https://www.instagram.com/p/Bmvtpi7nkx6/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
“ Стареење пред камера? Порано за некои филмови знаев да додадам по некое седо влакно, сега немам потреба од тоа. Сега сонувам се да остане така како што е сега. Соништата се многу едноставни. Здравје, деца, барем десетина, и доволно пари да бидам слободен, бидејќи се се потпира на слободата“, вели Касел и додава:
„ Сватив дека од секогаш ме привлекува модерно и младост. Мислам дека единствено само така можете да останете релевантни… Штом станете носталгичен, наеб…е – порачува 53-годишниот Касел кој чека дете со Тина Кунаки.