Вилијам Шекспир е првиот маж кој се вакцинираше против корона (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Првиот маж што прими вакцина против коронавирус во Велика Британија е 81-годишниот Вилијам Шекспир.

Пациентот од Ворвикшир вакцината на Фајзер ја примил утрово во Универзитетската болница Ковентри и тој е втор по ред, откако претходно тоа го направи 90-годишната Маргарет Кинан.

– Вториот пациент кој прими вакцина е, верувале или не… e Вилијам Шекспир од Ворвикшир, напиша репортер на Би-Би-Си со фотографии од овој човек.

Инаку, Велика Британија е првата земја која ја одобри употребата на вакцината на Фајзер против коронавирусот, а вакцинирањето започна денеска.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com