Кралица Елизабета (93) со сопругот Филип (98) заминала во Виндзор, каде секоја година го поминуваат Велигден. Но, од својата резиденција им се обратила на нацијата:
– Филип и јас стигнавме во Винздор, јасно ни е дека пред нас е тежок период и дека целата држава и остатокот од светот се грижи за своето здравје. Не сите ни е советувано да го смениме секојдневието и да се прилагодиме на новонастанатата ситуација. Треба да го чуваме своето здравје и да мислиме на останатите, на целата наша заедница, а особено на оние најчувствителните. Многу од нас треба да најдат нови начини да останат во контакт со саканите и семејството и да ги осигураат од опасноста. Уверена сум дека сме подготвени за тој предизвик. Можете да бидете сигурни дека јас и моето семејство сме подготвени да ја одиграме нашата улога во сето ова – се вели во соопштението.
Како што пишуваат медиумите на Островот, во наредниот период кралските должности ќе ги преземе внукот на кралицата Елизабета, принцот Вилијам.