Македонската пејачка со руско потекло, Викторија Лоба гостуваше во утринската емисија на ТВ Телма. Лоба говореше за проектите на кои работи во моментов, и раскажа како го проаѓа периодот на пандемија.
При крај на разговорот, водителот Ненад Ѓорѓиевски ја спомена и ситуацијата со војната во Украина, на која Лоба не можеше да остане рамнодушна.
„Јас сум со огромна желба за мир, за разбирање помеѓу сите народи. Сакам да кажам дека народот треба да биде обединет, не треба да нè одделуваат, без разлика дали се работи за различни народи и националности. Треба да го доживееме тоа единство во нас и кога ќе се случи тоа, нема да може ниту еден политичар да нè скара“, изјави Лоба, која со склопени раце и со солзи во очите се помоли за мир во светот.
Пејачката е родена во Русија и живеела таму до својата 8-ма година, па затоа не можеше да ги задржи солзите поради случувањата помеѓу двата словенски народи.