Поранешната спајсица и модната дизајнерка Викторија Бекам откри жешки детали од љубовниот живот со нејзиниот сопруг, поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам.
„Секоја ноќ одиме заедно во кревет со Дејвид, но би било погрешно доколку кажам дека одиме да спиеме“, изјави таа во една прилика, а призна дека во својот прв дом имале посебна соба за игри.
Таа била целосно бела со голем кревет од даб, а на плафонот имале огледало и леопард принтови.
Дизајнерката се фалеше и дека Дејвид е многу надарен.
„Голем е. Огромен. Доколку јас така изгледам, би одела на улица во гаќички“, откри таа и се пофали дека интимните делови на Дејвид Бекам не ги фотошопираат во рекламите за долна облека.
Викторија призна дека во кревет сака да спие гола, но дека секогаш со задоволство ја носи и долната облека која и е подарок од него.
Инаку, Дејвид и Викторија Бекам се во брак од 1997 година и имаат четири деца.