Овен (21.03 – 20.04)
Емоциите ќе ве совладаат и можно е да реагирате на несоодветен начин. Колегите се навикнати на секојдневните критики од ваша страна, но ретко ве гледаат во вакво издание. Викендов потребно е да ги смирите нервите и да не обрнувате внимание на секоја ситница. Ако имате деца, денес е можно да дојдете во конфликт со едно од нив.
Бик (21.04 – 21.05)
Викендов ќе бидете емотивно стабилни и филозофски ќе ги прифатите проблемите кои ви ги наметнува животот. Можно е да отидете на пократок пат или на состанок со некоја личност на повисока функција. Ветувањата што ќе ги добиете ќе бидат многу големи и тешко ќе ви биде да поверувате во нив. Тајните емоции кон една личност ви даваат голема енергија.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Особено голем проблем ви претставуваат финансиите. Трошоците се зголемуваат, а нови приливи тешко доаѓаат. Викендов ве очекува мало финансиско освежување. Приливот не е голем, но моментално ќе ја намали психичката криза во која се наоѓате. Партнерските односи ви се добри и не ја пренесувајте вашата несигурност врз партнерот. Може да дојде момент кога повеќе нема да може да го поднесува вашето мрачно расположение.
Рак (22.06 – 22.07)
Полека ви се отвораат сите врати и се чувствувате како да се будите од длабок сон. Емотивната криза полека ја совладувате и почнувате да се чувствувате како победник. Викендов е можна интересна средба со личност родена во огнен знак. Личноста е многу интересна и одговара на вашиот сензибилитет. На работното место работите бавно се менуваат, но тоа се помалку ве оптоварува.
Лав (23.07 – 22.08)
Освен што чувствувате недостаток на енергија, проблем ви претставува и недостатокот на средства. Очекуваните приливи ќе дојдат во текот на следната недела и добро би било да ги дочекате подготвени. Бидете внимателни на работното место и бидете понастрана од озборувањата. Може да чуете нешто што нема да ви се допадне. Партнерот викендов ќе ве изненади со покажување на емоции.
Девица (23.08 – 22.09)
Викендов е можно да отидете на летување. Ќе имата релаксиран викенд, со дружба со пријатели. Во недела може да сретнете пријател кој одамна не сте го виделе. Доколку сте во брак, бидете внимателни и не ги нарушувајте добрите односи со партнерот.
Вага (23.09 – 22.10)
Во последно време ѕвездите се на ваша страна и се ви оди од рака. Постои можност овој викенд да го поминете со семејството во некое мало гратче покрај вода. Ова ќе ви помогне да ги средите мислите и да донесете некои важни одлуки за иднина. Со партнерот постојат несогласувања околу некои работи кои вам ви се важни, но тоа не е причина постојано да му ги барате лошите страни.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Се наоѓате на крстосница и имате потреба од промени. Но, наместо промени, вие како да сте фатени во стапицата на минатото. Вториот ден од викендот е можна средба со еден пријател од минатото. Ако е можно, избегнете ја таа средба затоа што имате сосема различен начин на размислување и неговите ставови можат да ве растревожат.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Правите напори да решите некои проблеми кои настанаа во изминатиот период, но не можете да се концентрирате. За вас е најдобро да се опуштите и привремено да заборавите на обврските. Можно е првиот ден од викендот да добиете помала сума пари. Следниот ден ќе бидете повикани да отидете на еднодневен излет. Не ја пропуштајте шансата малку да излезете од секојдневието.
Јарец (22.12 – 20.01)
Дружењето со пријателите не ги исполнува вашите очекувања и почнува да ве мачи монотонија. Бидете внимателни и не ги боцкајте пријателите. Некој од нив може да сфати дека сте злонамерни и да дојде до расправија. Првиот ден од викендот ќе имате потреба да отидете на краток излет или во некое блиско кафуле. Вториот ден ќе сакате да се осамите и да се одморите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Можно е да отидете на кратко патување кое ќе ви помогне да ги наполните батериите и успешно да ја започнете следната работна недела. Ќе бидете многу толерантни и нема да се впуштате во тешки дискусии. Ќе имате чувство дека премногу попуштате и гласно ќе реагирате.
Риби (20.02 – 20.03)
Овие денови ќе имате потреба да отпатувате на краток пат. Ако сакате атмосферата да биде опуштена и да имате пријатен викенд, не бидете екстремни во однесувањето. Вашите реакции можат да бидат оценети како напаѓање и со тоа ќе предизвикате кавга. Ако одите во природа, можни се алергии.