Овен (21.03 – 20.04)
Можете да очекувате дека цел викенд ќе се случуваат некои ситни компликации и проблеми. Во љубовта можно е да не сте комплетно среќни покрај моменталниот партнер и да сакате промена.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе ви дојде прилика да дојдете до подобро работно место, со поголема заработка. Тоа е нешто што долго го чекавте. Во љубовта авантурата на слободните може да прејде во нешто посериозно.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Можете да очеувате голем број на деловни задолженија кои никој освен вас не може да ги направи. Во љубовта ќе имате емотивни дилеми и ќе ви биде потребно време за да дефинирате што сакате.
Рак (22.06 – 22.07)
Време е за одмор. Не ве очекуваат деловни грижи и обврски, можете слободно да се опуштите и да се одморите. Во љубовта максимално ќе му бидете посветени на партнерот, но и тој на вас.
Лав (23.07 – 22.08)
Стабилната ситуација на деловен план ви дава чувство на сигурност. Пред вас е генерално добар период. Во љубовта можно е да не сте подготвени за поголеми промени, ќе се плашите да направите некој потег.
Девица (23.08 – 22.09)
Првиот дел од викендот ќе ви биде поволен за рбаота, вториот оставете го за одмор. Ќе бидете брзи и ефикасни. Во љубовта доколку сте слободни, ве очекуваат некои нови интересни случувања.
Вага (23.09 – 22.10)
Можно е да имате многу големи амбиции и во вас да се буди се поголема глад за професионален успех. Во љубовта потребно е да ја подобрите комуникацијата со партнерот, веќе подолго време работите меѓу вас не се како што треба.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можно е да прекинете некоја соработка или договор кои сте ги имале на деловен план. Најдобро е најпрвин за викендов добро да размислите за таквите потези. Во љубовта ќе бидете уморни од кавги и расправии со партнерот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве очекуваат голем број на трошоци во текот на денешниот ден. На деловен план нема поголеми промени. Во љубовта емотивно сте стабилни и нема да ви се случат некои поголеми промени.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе бидете масимално посветени на деловните обврски, нема да можете да одморите, ќе биде потребно да работите и за викендот. На љубовното поле непромислено реагирате и лесно ќе влегувате во конфликти дури и кога нема реална потреба за нив.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ве очекува подобрување на финансиите кое многу позитивно ќе влијае на вашите деловни односи. Во љубовта искрено го сакате својот партнер и ќе сакате да му покажете дека тоа е така.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе и бидете многу посветени на работата и нема да сакате да се релаксирате ниту за време на викендот. Во љубова ќе бидете многу нежни и целосно посветени кон саканото лице. Ве очекува убав викенд.