Овен (21.03 – 20.04)
Парите кои ги очекувате доцнат и ќе морате да бидете трпеливи. Финансиските проблеми ве следат од изминатиот период и затоа не потклекнувајте пред целта. Доколку сте слободни, очекувајте враќање на една стара љубов. Се работи за некој што не живее во вашето место и често патува.
Бик (21.04 – 21.05)
Оцој викенд ќе бидете многу строги кон себе и ќе се обвинувате за сите пропусти на работното место. Времето ќе покаже дали сте во право. Партнерот бара нешто од вас, но и тој не е сигурен што е тоа. Сака да му ги читате мислите, а вие немате волја за тоа. Доколку сте слободни, престанете да се навраќате во минатото и почнете да размислувате за нешто ново.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ова е време за јасни ставови и доколку работата им ја препуштате на колегите, можете да имате несогледливи последици. Финансиите ви се добри, и единствено на што треба да внимавате се неконтролираните трошоци. Ситуацијата во партнерските односи е хаотична и треба да ја употребите интуицијата за да го предвидите следниот чекор на партнерот. Доколку сте сами, мислите ви се насочени кон личност која, од одредени причини, не е покрај вас.
Рак (22.06 – 22.07)
Овој викенд ве очекува поголем трошок. Бидете внимателни затоа што без разлика на заработувачката, трошоците се се поголеми. Доколку сте во брак или во подолга врска, обидете се добро да ги скриете тајните што ги имате. Може да се случи партнерот да открие нешто што ќе создаде напнатост помеѓу вас. Ако сте слободни, внимавајте со кого стапувате во контакт.
Лав (23.07 – 22.08)
Овој период ќе ви донесе многу работа и материјална сатисфакција. Тоа ќе ви ја зголеми и самопочитта и ќе ви донесе многубројни признанија. Одеднаш ќе ви стане многу важно да ги исполнувате ветувањата дадени на партнерот, но за возврат барате исто такво однесување од него. Имате шанса заедно со партнерот да воспоставите хармонија во заедничкиот живот која ќе ви овозможи мир во наредниот период.
Девица (23.08 – 22.09)
Викендот е одлично време да направите генералка во својот емотивен живот. Партнерските односи кои до сега ве оптоваруваа ќе морате да ги средите доколку сакате да имате мир во душата. Разговорот со партнерот ќе ви донесе одговор на многу прашања што ги вртите низ главата.
Вага (23.09 – 22.10)
Новите проекти што планирате да ги започнете ќе ви обезбедат солидни финансии во следниот период. Викендов ќе добиете совет од една жена што би требало сериозно да го сфатите. Чувајте ги нервите и не бегајте во болест. Вакви шанси ретко доаѓаат. Вашиот партнер ќе биде многу горд на вашите успеси. Доколку сте сами, очекувајте нови почетоци со една личност која е на висока положба.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Викендот ќе ви биде исполнет со емоции и со размислувања за некои минати денови. Доколку сте во подолга врска и веќе подолго време се сомневате во неа, времето пред вас ќе покаже дека сте го направиле вистинскиот избор. Можно е денес да и простите на една личност која ве наговара да ја прекинете врската.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Незадоволството од досегашната работа ве води во правец за кој сметате дека е најдобар за вас. Единствен проблем ви претставува финансискиот ризик којшто треба да го преземете. Доколку сте слободни, чувствувате јака потреба за стабилна врска. Но, сите оние што ги среќавате воопшто не одговараат на сликата која ја замислувате.
Јарец (22.12 – 20.01)
Време е да ја надминете посесивноста во односите со партнерот. Доколку си дадете повеќе слобода, повеќе ќе можете да уживате во заемното дружење. Доколку сте слободни, обрнете повеќе внимание на излегувањето и авантурите, отколку на анализирањето на пријателите и на нивното однесување.
Водолија (21.01 – 19.02)
Викендов е можен помал финансиски прилив којшто ќе ви амортизира дел од трошоците. Доколку сакате ситуацијата да остане под ваша контрола, оградете се од семејството и нивните потреби. Партнерот помалку почнува да се оддалечува од вас и се повеќе да и се посветува на работата. Од вас зависи дали ќе му се придружите или ќе почнете да приговарате.
Риби (20.02 – 20.03)
Ве загрижуваат финансиите. Најдобро е да продолжите со досегашното темпо и да не ја трошите заштедата. Доколку сте слободни, никако не повлекувајте се во себе и не осамувајте се. Пријателите и дружењето се најдобар лек за љубовните проблеми. Не им дозволувајте на емоциите да ве надвладеат.