Овен (21.03 – 20.04)
Проблеми во приватниот живот кои доста негативно ќе делуваат и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема. Ова не е добар период за да започнете со поголеми работи, но не треба да се плашите и од поголеми неуспеси затоа што секогаш неможе да биде се во најдобар ред.
Бик (21.04 – 21.05)
Нема да имате преголема волја за работа па затоа обидете се да ги завршите вашите важни обврски до ручек. Во текот на целиот викенд енергијата ќе ви опаѓа, а настаните ќе бидат променливи при што може да дојде до промена на вашите првични планови. Прифатете ја состојбата мирно. Следи период на стабилизација.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Потребно е да направите разговор со Рак, Овен или Шкорпија и тоа треба да го направите што поскоро, ако сакате да започнете со новата работа во која мислите дека одлично ќе се снајдете. Викендот е добар за секој облик на друштвен живот, особено со лицата кои живеат во странство, постои можност да ве изненадат и да тропнат на вашата врата.
Рак (22.06 – 22.07)
Сите работи по природен пат ќе се наместат на своето место, а вие нема да треба да се потрудите околу тоа. Овој викенд би можеле да остварите некои многу важни контакти па задржете ги отворени сите начини на комуникација кои можете. Некој може да ви приреди изненадување, тоа максимално ќе ве задоволи.
Лав (23.07 – 22.08)
Овој викенд најверојатно ќе се случат некои непредвидени трошоци, но голема е веројатноста да ви се зголеми и приходот. Постои можност да претворите еден ваш сон во целосна реалност. Воздржете се од предвремени заклучоци. Семејството се жали дека го запоставувате, вклучете го во поголема мера во вашиот социјален живот.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.
Вага (23.09 – 22.10)
Месечината во текот на викендот влегува во знакот на Јарец а вие добивате идеја како да се снајдете во новата работа за која ви е потребно големо искуство. Ќе добиете поволни вести во врска со нешто што ви е многу важно. Можно е да станува збор за работа со лица на висока позиција. Не се откажувајте од вашите планови.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Влегувате во нова фаза во работењето со лицата на некоја висока позиција. Верувате дека можете да убедите некој кој ви е многу важен дека треба да ве послуша за некое важно прашање, а се однесува на новите проекти кои допрва ќе дојдат. Не се нервирајте ако некој Лав ве иритира со неговите коментари.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Напнатите односи во домот или приватната фирма се резултат на вашата неорганизираност. Тврдоглавоста ве прави непријатни за разговор а со тоа правите и погрешни потези. Тоа може лошо да се одрази на односот со домашните но и со колегите, особено ако носите голема одговорност.
Јарец (22.12 – 20.01)
Среќен викенд исполнет со интересни нешта од приватниот и деловниот свет. Венера во астролошката куќа на големите пари, носи нови и многу подобри перспективи. Младата месечина во Стрелец им одговара на оние кои веќе се искусни во својата работа. Можни се поволни вести поврзани со парите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Родените на почетокот на знакот имат сјајна перспектива во работата со странци. Оние кои се родени во средната декада на знакот ќе добијат поддршка од некое лице кое е на висока позиција. Не сте подготвени да ризикувате во поглед на финансиите, но сепак прифатете некои сугестии од блиските лица.
Риби (20.02 – 20.03)
Подготвени сте да ги прифатите сугестиите од другите лица кои во работата се поискусни од вас и за кои мислите дека се добронамерни. Можно е да станува збор за Водолија која често престојува во странство или станува збор за лице кое се занимава со спортот. Морате да му се јавите на блискиот роднина кој со денови го очекува вашиот повик.