Овен (21.03 – 20.04)
Можно е да се појават финансиски промени викендов. Не би требало да се грижите премногу бидејќи се ќе се среди со тек на време. Во љубовта препорака е да направите нов чекор кон лицето кое ви се допаѓа.
Бик (21.04 – 21.05)
Нема причина за грижа, деловната ситуација е сосема стабилна. Имате добри аспекти викендов. Вашиот партнер покажа иницијатива и среќни сте поради тоа. Се чувствувате многу убаво во неговото присуство.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Вие викендов ќе имате многу деловни обврски и ќе треба до максимум да им се посветите. Ве очекува напорен викенд. Можно е овој ден љубовта да не ви биде приоритет но тоа ќе трае кратко.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе уживате во мирниот викенд кој е пред вас. Нема причина да се грижите за работата премногу. Релаксирајте се. Доколку сте слободни можете да очекувате ново познанство.
Лав (23.07 – 22.08)
Можете да очекувате поддршка од страна на работното опкружување за вашите проекти. Можете да се надевате на позитивен викенд. Во љубовта ве очекува комуникација со личност која може да биде вашиот следен партнер.
Девица (23.08 – 22.09)
Размислувате за деловните промени кои сакате да ги спроведете во дела викендов. Ќе ви биде потребно време да го реализирате тоа. Можно е некоја личност од вашето минато да е упорна со своите обиди да го обнови контактот со вас.
Вага (23.09 – 22.10)
Можете да се надевате на некоја прилика за хонорарна или дополнителна работа. Вашата заработка би можела да се зголеми. Во моментов се двоумите меѓу две лица. Потребно е викендов да се одлучите само за едно.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Викендов можете да добиете добар совет од страна на некој пријател. Можете да се потпрете на блиските лица. Во љубовта може да се појави ново познанство. Не сте сигурни дали сте подготвени за нова љубов.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не сакате да се откажете од своите идеи. Подготвени сте да се борите за она што сметате дека е важно и вредно. Доколку сте слободни викендот е претставен како многу интересен.
Јарец (22.12 – 20.01)
Склони сте кон донесување на нагли одлуки. Поведете сметка тоа да не ви се одбие од глава и да не ви се случи викендов. Размислувате за брак или сериозни чекори на љубовен план, но не сте сигурни дека и партнерот е подготвен.
Водолија (21.01 – 19.02)
Поволен викенд ако се заминавате со приватна работа, особено поврзана со спорт. Можете да очекувате промена на заработката. Доколку сте во брак исто така очекувајте поволен викенд.
Риби (20.02 – 20.03)
Многу е важно да имате доволно трпение и да оставите некои работи да се движат по својот тек викендов. Ви се допаѓа некое лице кое делува претерано сериозно и малку дистанцирано.