Овен (21.03 – 20.04)
Имате потреба од духовна забава и од вас зависи дали ќе ја организрате. Викендов посета на кино, театар, концерт… ќе ве наполни со позитивна енергија и ќе го растовари вашиот стрес. Размислете за ова прашање.
Бик (21.04 – 21.05)
Викендов не е пожелно да креирате нови деловни врски или да закажувате средби со ваши партнери, кои ги познавате краток период. Можат да го проценат вашето однесување премногу нападно и несоодветно за вашата соработка во моментот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Викендов работата ќе ви претставува терет, но и покрај тоа сепак ќе морате да работите. Сето тоа доведува до конфликти со колегите. Финансиската ситуација не е најдобра, но со обзир на тоа што друштвениот живот сте го запоставиле и тоа што го имате ќе ви биде сосема доволно.
Рак (22.06 – 22.07)
Викендов работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во парашање може да има проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со партнерот. Малата плата ве демотивира максимално, и се повеќе се трудите што помалку да работите, тоа ќе се подобри во иднина, наскоро ви претстои подобрување на финансиската ситуација.
Лав (23.07 – 22.08)
Викендов, работата ќе ви претставува терет, но и покрај тоа сепак ќе морате да работите овој викенд. Сето тоа доведува до конфликти со колегите. Финансиската ситуација не е најдобра, но со обзир на тоа што друштвениот живот сте го запоставиле и тоа што го имате ќе ви биде сосема доволно.
Девица (23.08 – 22.09)
Викендов ви се отвараат хоризонти кои досега ви делувале како невозможни. Ако сте поврзани со странство, студии, уметност, мода, работа со луѓе, ќе ви се отвори вратата за се што ќе работите. Сите креативни работи ќе се движат по нагорна линија. Некои од вас ќе обноват една пријатна друштвена врска и познанство.
Вага (23.09 – 22.10)
Не претерувајте со се, а највеќе со храната и емоциите. Викендов воздржете се од прејадување и не се внесувајте премногу во емотивните проблеми на тие околу вас. Некои разговори нема да ви се допаднат, не ги анализирајте, продолжете по својот пат.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Викендов е можно да преживеете некои разочарување. Наместо да се нервирате, обидете се да ја поврзете последицата со причината за оваа ситуација. Доколку реално размислите, самите сте виновни за некои случувања кои ви создаваат проблеми.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Опремете се со оптимизам. Викендов, ќе изникне погоден случај за да решите некои конфликти од секојденвието и ќе имате потреба од тој оптимизам. Проверете ја вашта електронска пошта, најверојатно ќе добиете важна порака.
Јарец (22.12 – 20.01)
За квалитетен љубовен живот пресудни ќе бидат моментите поминати во нежност. Викендов романтиката со партнерот уште повеќе ќе ве зближи. Домашните обврски ќе бидат на ваш грб. Плаќањето на сметките, грижата за децата и домашните задачи ќе ви бидат како тежина на главата.
Водолија (21.01 – 19.02)
Викендов ќе бидете зафатени со купување и нарачување. Постои можност за голем трошок од ваша страна. Некоја личност од женски пол ќе игра важна улога во врска со вашата финансиска положба. Интелектуалната активност ќе ви биде зголемена, но под силно влијание на чуствата. Не ја трошете попусто енергијата на долги разговори со банални теми.
Риби (20.02 – 20.03)
Не се чудете ако се почувствувате сами и неразбрани. Вие сте премногу активни и премногу гледате на далеку, а тоа ви создава дисхармонија околу начинот на кој луѓето функционираат околу вас. Викендов намалете со темпото, нема да зажалите.