Овен (21.03 – 20.04)
Добро е аспектирано астролошкото поле на вашата личност и вие правите многубројни планови како деловни така и приватни. Можна е некаква вест од странство. Сметајте на некој Бик, Рак или Јарец бидејќи само тие можат да ви бидат десна рака во работата. Викендот е одличен за излегување и средби на јавни места.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашата ситуација е делумно добра, бидејќи примате добри аспекти од планетите, па сите работи поврзани со комуникации одлично ќе ви напредуваат. Ќе имате прилика да направите и некои финансиски договори. Ќе се чуствувате среќно работејќи ги работните задачи кои ви претставуваат задоволство.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Викендот посветете го на одмор за потоа со наполнети батерии да можете да ги извршувате сите обврски кои ве очекуваат. Ќе му посветите доволно време на вашиот партнер, и поради тоа љубовта ќе ви биде возвратена. Во недела ќе добиете пријатно изненадување кое ќе го подобри вашето расположение.
Рак (22.06 – 22.07)
Викендот ќе ви помине вообичаено, беа големи планови и случувања. Скршнете од својот пат и разговарајте со личности надвор од вашиот друштвен круг. Тие ќе ви откријат гледишта кои досега не ви паднале на ум. Споделете со партнерот проблем во врската за кој е неопходно брзо решение. Отвореноста ќе резултира со компромис.
Лав (23.07 – 22.08)
Одличен период за соработка со странци, за влез во брак, планирање на семејство и подобрување на љубовниот однос. Многумина ви се восхитуваат и во приватниот живот и на работа. Подгответе се да воспоставите добра комуникација со надредените.
Девица (23.08 – 22.09)
Имате за што да размислувате и со кој да работите но немате доволно елан и како да чекате некаков поттик од некој кој е поискусен или повозрасен. Сакате да имате личност на која можете да се потпрете во секој поглед. Побарајте некој Стрелец, Овен или Близнаци, тие ќе ви помогнат.
Вага (23.09 – 22.10)
Викендот ви носи многу нови работи кои ќе бидат интересни што во голема мера ќе ви го олесни донесувањето на одлуките околу кои имате некакви дилеми. Ова би можел да биде интересен викенд за повеќето претставници на вашиот знак, особено за оние кои очекуваат да им се јави некоја Водолија.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Вашиот талент и вашата деловна етика ги фасцинираат луѓето околу вас. Без оглед дали ќе забележувате, лицата околу вас ќе ви се восхитуваат. Планетараната енергија ќе ви даде сила да бидете многу подобри од претходно. Уживајте во викендот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Потребно е да ги согледате проблемите од реален агол и да не бидете премногу амбициозни кога станува збор за работа која би можела да ви донесе профит и популарност. Соработката со Риби или Јарец ви носи сатисфакција иако работата ќе биде напорна или премногу одговорна. Добро се согласувате со Вага или Бик.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ова не е поволно време да ризикувате многу во работата, туку е поволно време да се повлечете малку настрана од кругот на пријатели. Некој кој ви е многу посветен ќе биде заинтересиран за вашата работа. Подготвени сте да бидете дел од нешто што може всушност да биде нов голем проект.
Водолија (21.01 – 19.02)
Би требало да бидете посебно внимателни кога станува збор за контакт со деловната околина. Ве очекува помош од пријателите или деловниот партнер. Можна е љубов со личност која е далеку. Здравствената ситуација е оптеретена со болки во вратниот дел од грбот.
Риби (20.02 – 20.03)
Нагласено е астролошкото поле на патот и комуникациите и ви носи нови средби. Ако сте подготвени за некои нови нешта и планирате да ги работите заедно со долгогодишните колеги или со роднините добро размислете дали тоа за вас е вистинското решние. Ако имате смисла за некоја уметност, спорт или имате креативни планови, не се предомислувајте уште на самиот почеток.