Овен (21.03 – 20.04)
Имате доста обврски, но викендов не сте расположени за работа. Некое женско лице ќе ви помогне. Не го запоставувајте приватниот живот поради деловниот.
Бик (21.04 – 21.05)
По работното време кое ќе ви помине вообичаено, посветете им се на пријателите. Викендов не планирајте премногу настани, само оние кои ви се допаѓаат. Бидете практични, ќе постојат ситни проблеми за кои ви е потребна практичност.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Задоволни сте од паричната ситуација, нешто ќе ве натера да се залагате уште повеќе. Партнерот ќе ви биде голема поддршка. Викеднов, не се прејадувајте, можни се стомачни проблеми.
Рак (22.06 – 22.07)
Некој во прилична мера ве исцрпува со неговата неодлучност. Викендов е време е да се завртите кон себе и своите потреби. Тврдоглавоста и ладниот став нема да ви помогнат во љубовното поле.
Лав (23.07 – 22.08)
Некој близок на вас многу ќе ви помогне. Викендов можен е успех, само би требало да бидете далеку поамбициозни и посконцентрирани на она што го работите. Ве оптеретува нерасчистениот однос со партнерот.
Девица (23.08 – 22.09)
Убаво разгледајте ја целата ситуација пред изработувањето на планот. Поради обврски овој викенд воопшто ќе немате време за забава. Многу важно во моментот е да соработувате и да ги послушате советите од поискусни луѓе.
Вага (23.09 – 22.10)
Малку ви здосадила работата со која се бавите. Викендов слободното време искористете го конструктивно, посветете му се на семејството во кое ќе дојде до позитивен пресврт. Имате поддршка од страна на партнерот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Комуникативни сте. Потрудете се добро да се претставите и да остварите нови контакти кои ќе ви помогнат во работата. Викеднов закажете средба и дружење со роднините.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Што се однесува до работата, можен е некој вид на награда или неочекувана исплата за добро обавената работа. Бидете подготвени на вистински начин да инвестирате во иднината. Викендов во љубовта повеќе ќе се двоумите отколку што ќе уживате.
Јарец (22.12 – 20.01)
Викендов избегнете ја личноста која ви донесува дополнителна нервоза или негативно расположение во вашето опкружување. Партнерот нешто ви премолчува, но вие не обрнувате внимание на тоа. Време е да започнете да читате меѓу редови.
Водолија (21.01 – 19.02)
Викендов ќе профитирате од добро осмислената работа со колегата од компанијата. Парите нема да ги добиете веднаш, но сепак ќе дојдат. На сите слободни им се препорачува посериозно да тргнат во потрага по идеалниот партнер.
Риби (20.02 – 20.03)
Викендов здраствените проблеми ќе ве вознемируваат, но наместо да се плашите добро би било да одите кај вашиот лекар и да добиете адекватен одговор. Ќе видите дека ситуацијата не е таква каква што замислувате. Помалку сте хипохондрични.