Овен (21.03 – 20.04)
Во текот на викендот ве очекуваат мали кочници и ограничувања на деловен план. Прифатете ја состојбата каква што е. Во љубовта ќе имате љубовни сомнежи.
Бик (21.04 – 21.05)
Викендот нема да ви биде поволен за работа, па затоа фрлете се на уживањето. Можете да огранизирате генералка во домот, тоа добро ќе ви дојде. Во љубовта слободните ги очекува интересна средба.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Вас ве очекува позитивен викенд исполнет со навистина многу забава и дружење. Ќе бидете опкружени со пријатни луѓе. Во љубовта ќе сакате да бидете што поблиску до саканото лице, тоа многу ќе ви недостига.
Рак (22.06 – 22.07)
Можете да се надевате на многу опуштен викенд во кој нема да имате речиси никакви обврски. Во љубовта ќе се чувствате добро во врската.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе имате некои ситни проблеми за кои ќе треба да пронајдете најдобро решение. Нека не ве загрижува лошата финансиска состојба, наскоро ќе дојде до подобрување. Во љубовта ке избегнувате долги разговори со партнерот.
Девица (23.08 – 22.09)
Викендот е поволен за прошетки со пријателите. Испланирајте некој пикник или мала забава. Во љубовта нема да имате проблеми, можеби само мала љубомора од страна на партнерот.
Вага (23.09 – 22.10)
Ве очекува многу важен викенд кој повеќе ќе биде деловен отколку приватен. Ќе успеете да склопите неколку важни договори. Во љубовта имате впечаток дека саканото лице ве избегнува.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Пред вас е многу релаксирачки викенд кој ќе ви биде исполнет со забава и ќе го поминете во друштво со саканите лица. Партнерот ќе ужива во ваша близина, тоа само ќе ја зацврсти вашата врска.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можете да очекувате генерално добро искористен викенд, ќе се појават некои семејни кавги, но веднаш ќе ги пресечете. Во љубовта се си е на свое место, партнерот ви е огромна поддршка.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекува поволен викенд за кратки патувања. Заминете негде со саканите во природа. Ќе бидат успешни слободните лица кога станува збор за љубовта, им се насмевнува некоја нова врска.
Водолија (21.01 – 19.02)
Вие добро знаете што сакате и токму тоа ќе го правите овој викенд. Никој нема да може да ве предомисли. Ќе чувствате некои емотивни промени, но сепак ќе бидете задоволни со она што го имате.
Риби (20.02 – 20.03)
Некои ситни кавги нема да успеат да ви го упропастат викендот само доколку се контролирате што зборувате. Во љубовта ќе ви биде потребна поддршка од партнерот, но тој ќе има премногу обврски и нема да може да ви посвети внимание.