За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По одделни котлини и понатаму ќе има услови за појава на магла и пониски дневни температури.
Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне.
Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата.