Нискобуџетниот авио-превозник „Визер“ најави намалување на платите и отпуштање на околу 1.000 работници поради кризата со коронавирусот.
Имено, поради финансиското влијание на пандемијата компанијата ќе мора да прогласи 1.000 работници за технолошки вишок, што претставува намалување на работната сила за 19 проценти.
Покрај тоа, ќе се намалат платите за цела 2021-ва година на главниот извршен директор, членовите на управниот одбор и сите високопозиционирани менаџери за 22 проценти, додела пилотите, кабинскиот персонал и административните службеници ќе добиваат за 14 проценти помали плати.
Визер проценува дека во завршната сметка за фискалната 2020-та година, завршена на 31-ви март, ќе искаже нето добивка од 270-280 милиони евра.