„Визер“ најавува две нови меѓународни линии од Македонија до Италија (Торино и Болоња), почнувајќи од декември. Летовите од аеродромот во Скопје до Торино ќе почнат да се изведуваат од 18 декември 2021 година со две неделни лета (вторник и сабота), а оние до Болоња ќе почнат од 19 декември. Билетите се пуштени во продажба од денеска со почетни цени од 1 299 денари, стои на веб-страницата на авиокомпанијата.
Поаѓањето од Скопје е во 6:45 часот, а пристигнување во Торино во 8:55 часот; поаѓањето од Торино е закажано за 9:25 часот, а пристигнувањето во главниот град на Македонија е во 11:25 часот.
За Болоња се тргнува во 13:40 часот, а пристигнувањето е во 15:25 часот, поаѓањето оттаму за Скопје е закажано за 16 часот, а пристигнувањето е во 17:40 часот.
Пред три дена и „Изи џет објави дека отвора нова авиолинија од скопскиот аеродром.