Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе воведе нови летови од Белград, Тузла и Скопје до Салцбург од 2 и 3 јули. Двапати неделно ќе има летови од секој од овие градови со „Ербас А320“.
„Визер“ соопшти дека по кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, ќе бара нови можности и своите капацитети ќе ги насочи кон нив.
– Свесни сме дека ќе има краткорочен пад на побарувачката поради коронавирусот, па затоа ги намалуваме нашите капацитети согласно тоа, но не затвораме ниедна рута ниту база – вели основачот на авиокомпанијата „Визер“, Јожеф Варади, коментирајќи ја новата одлука.
Варади додава дека само ќе се намали фреквенцијата на летови на одредени линии. Тој истакна дека продолжуваат да нарачуваат авиони и дека до јуни ќе има 22 нови нарачки, со што флотата на компанијата значајно ќе порасне, па затоа се воведуваат нови рути, а и нови бази.