Група жители на Неапол влегла во дворот на едно локално училиште и правела скара и покрај мерките за општ карантин, кои се на сила во Италија поради пандемијата на вирусот на COVID-19.
Полицијата трага по луѓето кои за римокатоличкиот Велигден во понеделникот, на 13-ти април, донеле маси и столчиња во дворот на едно училиште во Неапол и правеле скара во екот на пандемијата, пренесуваат италијанските медиуми.
“Немам зборови, вие сте тоа што не чини во овој град”, навел локалниот службеник Иво Поџиани на Фејсбук по повод инцидентот.
Италија, една од најтешко погодените земји од COVID-19, ги продолжила мерките на општ карантин до 3-ти мај.
извор: курир.рс