Хелена Роза која пред неколку години заедно со своето семејство се пресели во Нов Зеланд, распали по власта поради важноста на истечените пасоши на иселениците. Имено, министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти дека Собранието ги поминало измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува по 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021.
По оваа одлука Хелена Роза реагираше на својот Фејсбук профил.
“Значи кој циркус, па уште и новинарчињава во МК ни го продаваат циркусот.
Значи Bujar Osmani ја сериозно ве мислев за по-писмен и по-интелигентен човек.
Каде со законов, за каде важи? За вас за по дома? За МК? Па никаде не поминува ваков закон, смешно е и тажно .
Што е со децата што немаат воопшто издадени пасоши? И ние како ќе го презентираме законов пред надлежните тука? Ни спремивте официјален документ? Ни го преведовте на јазиците на кои ни е потребен? Ни дадовте упатство и објаснување кои чекори треба да се превземат за да си ги средиме документите. НЕ!!!
ВИЕ СТЕ СИТЕ ЕДНИ ОГРОМНИ БЕСКИЧМЕЊАЦИ. Што појма немате од животот, а за жал сте на позиција за да си играте со туѓи животи.
По дилетантска одлука и работење во мојот живот неам прочитано, а во МК конкуренцијата е богами голема. СРАМ И АРАМ ДА ВИ Е на Вас и на сите останати новинари и граѓани кои останаа неми по ова прашање.
Ако некој ви подкажал дека со овој циркуз закон се решава нешто, многу ве излажал“, напиша Хелена.