Легендарниот италијански фудбалер Кристијано Виери откри дека бил претепан од неговата поранешна девојка, кик-боксерка.
Во 1999 година, легендарниот италијански напаѓач Кристијан Виери беше најскапиот играч во историјата на фудбалот.
Интер го купи за 45.000.000 евра од Лацио, а покрај големиот број на клубови за кои популарниот Бобо настапуваше, беше познат и како голем заводник.
Една од најпознати екс девојки на Виери беше манекенката Елизабет Каналис, која се занимаваше и со кик бокс.
– Тој е многу весела личност и е многу чувствителен на женскиот шарм. Ме изневеруваше цело време, но не го криеше добро тоа. Мислам дека секогаш или скоро секогаш го откривав тоа. За волја на вистината, поради тоа Бобо доби неколку шамари од мене пред да го оставам – изјавила Елизабет.
Италијанецот не негира дека бил жртва на физичко насилство.
– Сериозно ме претепа кога ја налутив. Толку ја налутив што со клуч ми го уништи новото Порше – истакна Виери.