Џон Стамос проговорил на разни теми во своите мемоари „If You Would Have Told Me“. Тој тврди дека ја фатил тогашната девојка, моделот Тери Копли во кревет со поранешниот актер Тони Данза во текот на нивната краткотрајна романса од 80-тите.
Ова е само еден од деталите кои ги открива во своите мемоари, а ги има многу, и онакви кои му оставиле траума за цел живот.
„Ѝ се јавувам, но девојката која веднаш се јавуваше, сега ми дава сигнали дека е зафатена. Кога ќе дојдам дома, ѝ се јавувам во текот на денот и навечер. Нема одговор. Чудно. Преминавме од телефонирање на секои неколку часа на тишина“, напишал Стамос (60).
На почеток Стамос не обрнувал внимание на отсутноста на Тери затоа што мислел дека е зафатена со работа, но како што времето поминувало, почнал да се грижи. Сепак, исто така го загрижувало за што станува збор, чувствувал дека нешто не е како што треба, па одлучил да седне во автомобил и да појде кај неа.
Кога стигнал таму, открил дека во куќата „нема запалени светла“ и дека „низ прозорецот не гледа движење“, иако автомобил бил паркиран пред врата.
„Се прикрадов до автомобилот додека желудникот ме стегаше од нервоза и погледнав внатре. Таму имаше четка за коса, клучеви, боксерски ракавици и голото тело на мојата девојка, одвај покриено со бел чаршаф. Стануваше збор за постер на кој мојата девојка беше гола. Никогаш претходно не сум ја видел таа сцена“, напишал Стамос.
Отишол до гостинската куќа во дворот затоа што чувствувал дека таа таму спие, а потоа имал што да види.
„Мојата мала танчарка лежеше во кревет со постар господин. Спиеја заедно. Не можам да ви кажам кој е тој, но одвај ја препознав Тери. Се трудев да ги задржам солзите. Ме гуши таа сцена. Не можам да дишам. Неколку солзи се стркалаа по моето лице“, напишал Стамос.
Стамос одлучил да побегне, пред да го украде постерот од мистериозниот автомобил.
„Го потпишала постерот со мали срценца: Мој драг Тони, ќе те сакам засекогаш. Тери“…
Стамос се запрашал кој е Тони. Дури кога возел накај дома сфатил дека тоа е името на неговиот „соперник“.
Актерот открил и дека ја мразел својата поранешна сопруга Ребека Ромијн после нивниот грозен развод во 2005 година.
Стамос исто така открил дека како дете сексуално го нападнала неговата дадилка:
„Не сакав насловите да бидат такви и не сакав книгата да биде за тоа. Тоа беше само една страница или нешто слично, но чувствував дека морам да зборувам за тоа. Беше чудно. Тоа се случи кога имав 10 или 11 години. Не требаше да се соочувам со тоа“.