Властите во американската сојузна држава Луизијана обвини 58-годишен маж дека пукал со огнено оружје кон група малолетници кои си играле криенка и ранил 14-годишно девојче.
Инцидентот се случил рано наутро во неделата во малиот град Старкс, Луизијана.
Полицијата соопшти дека група малолетници си играле криенка и се криеле во соседните дворови кога Дејвид В. Дојл пукал од пиштол. 58-годишниот маж им рекол на полицајците дека видел некои сенки пред својата куќа, а потоа земал пиштол и почнал да пука во луѓето кои бегале од неговиот имот, пишува Си-Ен-Ен.
Притоа тој застрелал 14-годишно девојче во задниот дел од главата. Девојчето било пренесено во болница со повреди кои не се опасни по живот. Инцидентот се случил во ќорсокак во кој живеат само три семејства – Дојл, семејството на жртвата и роднина на семејството на жртвата. Дојл е обвинет за напад, незаконска употреба на огнено оружје и нанесување повреди.