Се поголем број продавници во САД бараат од своите потрошувачи да носат маски, но некои упорно одбиваат да го сторат тоа, а видеото на една жена од супермаркет во Далас, Тексас стана хит на социјалните мрежи.
Имено, откако продавачите ја замолиле да носи маска, таа започнала да фрла продуктите од количката, за на крај да се сврти и да се оддалечи со пцости кон вработените.
Инаку,видеото е видено само на Твитер повеќе од 14 милиони луѓе од вчера, а многумина се згрозени од однесувањето на младата жена.
– Не е тешко да се носи маска и ваквото однесување не одговара на возрасен човек. Жал ми е за луѓето што работат во продавница, тие се изложени на вакво однесување секој ден – напишал еден корисник на Фејсбук.