Напуштеното куче од расата Ши-Тцу во Канзас Сити доживеало неверојатна трансформација кога организацијата за помош на животни “KC Pet Project” го пронашла.
Кутрето било толку запуштено што речиси не се гледало од влакната кои почнале да се засукуваат.
На вработените во организацијата им биле потребни часови да отстранат 3,5 килограми крзно од него, што била третина од неговата тежина кога го пронашле.
Видеото со фризурата се рашири на социјалните мрежи многу брзо, а беше прегледано повеќе од 42 милиони пати само на Тик-Ток.