Во близина на брегот на грчкиот град Волос, туристи снимиле нешто што наликува на ајкула во морето, а ова видео предизвика вистинска паника кај оние кои го гледале, а моментално се во оваа земја.
„Денеска во Волос, тоа е блиску до полуостровот Пилион, а не е далеку ниту Скијатос, па да обрнеме внимание“, напиша корисник на Твитер над споменатото видео.
И додека некои мислат дека се работи за ајкула, други се убедени дека се работи за сабјарка.
https://twitter.com/i/status/1684657972985671681
„Ова е марлин, ова не е ајкула. Ајкулата има различни перки“, „Секое утро на Пилион гледав нешто како плива среде заливот, но не идентификував што е тоа“, „Би рекол дека е црн марлин, или сабјарка“, „Не сакам да среќавам делфин кога нуркам“, се само некои од коментарите под видеото.