Македонските народни пејачи честопати гостуваат во Грција, каде има голем дел македонско население. Фолк пејачот, Влатко Миладиноски гостуваше во Грција, каде со нашите исселеници пееше македонски песни.
„Велат не нема, ама еве сме“, пееше Влатко, а изненадувачки голем број млади луѓе се фатија на орото, да заиграат на наши македонски традиционални песни.
Преполната сала во која настапуваше нашиот пејач, говори за атмосферата, желбата и љубовта за татковината нашиот фолклор.