Американецот Деметријус Луис од Флорида бил уапсен, а подоцна бил испратен кај судијата за кражба, но никогаш не му паднало на памет дека од емотивни причини ќе му биде тешко да оди на онлајн судење.
Кога тој се појавил на Зум, со лисици на рацете и кога ја здогледал судијката Табита Блекмон, Луис тотално се збунил.
Луис, кој наводно се обидел да упадне куќа во Форт Лодердејл, и рекол на судијката дека е прекрасна.
“Само треба да ти кажам, ти си убава. Те сакам, те сакам”, и вели тој. Сепак, иако судијката се смееше,веднаш му рече дека ласкањето на суд нема да го однесе далеку.
„Ласкањето ќе ви отвори многу врати, но не и оваа“, му рекла судијката.
Луис е обвинет и за поседување екстази, а на снимката се гледа и како обвинителот предлага кауција од 7.500 долари со оглед на тоа што имало деца на имотот каде што тој се обидел да упадне. Судијката на крајот му одредила кауција од 5.000 американски долари.