„Ве молиме…“: Покана за свадба што ја добила скопјанка предизвика бројни реакции на интернет

by Тони Зографски

Необична свадбена покана која ја објави „Newz24live“, што ја добила неименувана скопјанка предизвика бројни реакции на интернет.

На прв поглед, изгледа како секоја друга покана – датум, место на одржување и останатите информации за прославата. Меѓутоа, една кратка порака на дното била доволна да предизвика расправа.

Додека едни сметаат дека младенците имаат целосно право сами да одлучат како ќе изгледа свадбата и кој ќе биде меѓу поканетите, други предупредуваат дека одредени правила можат да ги доведат родителите во непријатна ситуација.

Во конкретниот случај, на поканата, покрај вообичаените информации, стоела кратка и јасна напомена: „Ве молиме, без деца“.

останати вести