Британските медиуми ја објавија снимката на која може да се види Минеш Пател кој мислел дека договорил состанок и сексуален однос со 14-годишно девојче, како ги моли ловците на педофили да го пуштат.
Пател се соочи со тајната група „Чувари на Северот“ и дури им понуди да работи за нив бесплатно во бизарното настојување да ги наговори да го пуштат.
27-годишниот студент започнал да се допишува на “WhatsApp” со малолетно девојче. Тој набрзо потоа бил фатен, а пред судот Њукасл Краун ја признал вината за обид за поттикнување на дете за сексуални активности.
Осуден е на 28 месеци затвор, десет години ќе подлежи на закон за спречување на сексуален престап и ќе биде запишан во листата со сексуални престапници.
Пател требало да се најде со некого за кој верувал дека е дете на метро станицата Гејтсхед, но наместо тоа бил пречекан од ловци на педофили. Групата ја снимала реакцијата на Пател кој повеќе пати вели „ве молам господине“, нагласува дека има „добро минато“ во својата родна Индија и како студент е „нов“ во оваа земја.
Еден од „ловците“ му вели дека студиите ќе му бидат прекинати и не смее да студира криминалистика, по што Пател потоа ги моли и им вели дека „ќе работи за нив бесплатно“.
Обвинителот Том Мичел изјави дека Кеј Бел е дел од групата и поставила лажен профил со име Лори, во кој се тврди дека е 14-годишно девојче.
Обвинетиот ја контактирал преку интернет страницата Meet 4 U. Набрзо потоа ѝ испратил порака на WhatsApp, а потоа и порака во која побарал фотографии. Ѝ зборувал за бакнување и секс. Неколку дена подоцна ја замолил да се запознаат и ја прашал дали сака секс, велејќи ѝ дека сексот е добар за здравјето.
Пател пред судот најпрвин негирал дека побарал средба со девојче поради секс, за потоа да признае: „Жал ми е, нема да го повторам тоа, пуштете ме“. Сепак, судијата Роберт Адамс го осудил на 28 месеци затворска казна.