Директорот на болницата во Земун, Драгош Стојановиќ, изјави дека установата примила 175 пациенти за еден ден откако се вратила во ковид-системот, што досега не се случило, и апелираше до граѓаните да избегнуваат масовни собири.
Драгош Стојановиќ за РТС изјави дека се отворени шест контролни пунктови за прегледи и дека во таа установа биле извршени 140 прегледи само во попладневните часови вчера, а 195 до утрово.
„Ние не сме инфектолози, па тоа е голем напор, а голем е и бројот на пациенти и сите се обидуваме да им излеземе во пресрет“, рече Стојановиќ.
Тој вели дека, во принцип, тоа се помлади пациенти со полесна клиничка слика, но дека таа се компликува и одделот за интензивната нега е исполнет со 20 пациент
Стојановиќ рече дека е загрижен поради утринското видео, кое се појави на социјалните мрежи на кое се прикажуваат масовни забави на сплавовите.
„Апелирам и молам, воздржете се од социјални активности, оставете ги рестораните, сплавовите, кафулиња. Има голем товар на здравствениот систем, не е лесно да се работи на 30 степени во вселенска облека“, рече Драгош Стојановиќ.
Тој посочи дека здравствениот систем на Србија е еден од најхуманите во светот, но дека има голем број пациенти и дека, како што рече, никогаш не прифатиле 175 пациенти во болницата за еден ден.